Ford, компанијата која е најпозната по автомобилите, камионите и теренците, експериментира со нешто сосема поинакво – роботи за носење пакети. Производителот на автомобили најави деја неделава ќе тестира робот кој ќе доставува пратки од беспилотни автомобили до врата.
Ford веќе тестира достава со беспилотни автомобили инспириран од популарноста на онлајн шопингот. Но, компанијата откри дека понекогаш луѓето не сакаат да излегуваат од дома, да чекаат на тротоар за да пречекаат пратка.
Затоа се здружи со Agility Robotics, стартап од Албени, Орегон, кој направи робот способен да носи пакети до 20 кг. Од Ford порачаа дека роботот, наречен Digit, може да се качува по скали, да оди по нерамен терен или да задржи рамнотежа иако удрил во нешто. Во видеото подолу Ford покажа како Digit го заобиколува е-скутерот кој му го блокира патот.
Ford не коментира дали ќе ја стартува оваа услуга или ќе испорачува за партнери. Пред неколку дена од компанијата соопштија дека ќе отпуштат 10% од вработените поради намалување на трошоците. Производителите на автомобили како Ford и GM нахјавија кратење на персоналот под притисокот од промената на општеството, кое се повеќе се фокусира на технологија базирана на вештачка интелигенција.
Ford во видеото прикажа и како Digit гособира во задниот дел на возилата, да излезе и да ја однесе пратката до дврата. Ако се збуни додека ја носи пратката, тој ќе комуницира со возилата на Ford за помош.