Секој пат кога переме алишта во машина ги загадуваме океаните со пластика!

- Advertisement -

Кога и да е возможно, избегнувајте да купувате синтетичка облека и наместо тоа носете облека од природни материјали како памук, волна или лен. датавеќе носите синтетичка облека, перете ја поретко и на пократки програми за перење. Освен тоа, полнете ја машината за перење до максимум затоа што кога има повеќе алишта се создава помалку триење и се испуштаат помалку микрофибер влакна во водата.

Секој пат кога ќе ја пуштиме машината за перење алишта ние, всушност, ги загадуваме океаните со пластика! Тоа е така затоа што 60% од облеката која ја носиме денес е направена синтетички од петрохемикалии, односно полиестер, најлон и акрил. Тие содржат мали пластични влакна кои се толку тенки што се пет пати потенки од човечкото влакно и се викаат микрофибер.

- Advertisement -

Околу половина милион тони пластични микрофибер влакна завршуваат во океаните секоја година. Тоа е еднакво на повеќе од 50 милијарди пластични шишиња. Што можеме да направиме за да го спречиме тоа?

Не ја перете облеката на високи температури и користете течни детергенти затоа што прашоците предизвикуваат поголемо триење. Исто така, можете да додадете филтер на машината за перење кој ќе апсорбира до 87% од микрофибер влакната.

- Advertisement -

Но, што се однесува на глобалните мерки, индустријата мора да се смени. Научници веќе дизајнираат облека која испушта помалку микрофибер влакна, а други се трудат да направат машини за перење алишта со подобри филтри.

Сподели!
- Advertisement -