Словенечка фирма за акумулатори ќе отвори фабрика во Пробиштип

- Advertisement -

Словенечката компанија Таб мак ќе инвестира 25 милиони евра и ќе отвори 90 нови работни места во Пробиштип и околината. Новата инвестиција ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Словенија каде што во рамки на дводневната официјална посета имаа неколку средби со словенечки компании.

 

- Advertisement -

Таб Мак ги препозна мерките од Планот за економски раст, односно Законот за финансиска поддршка на инвестициите како добра платформа за реализација на својата нова инвестиција. Во согласност со Законот, оваа компанија ќе има можност да потпише договор за државна помош со што ќе се забрза реализацијата на проектот. Ова е една од компаниите што инвестира надвор од Технолошко индустриските зони. Со тоа покажуваме дека не се поддржуваат компании само во ТИРЗ. Веќе имаме добар број фабрики кои инвестираат и надвор од овие зони. Со оваа компанија разговараме околу една година, во новата инвестиција ќе донесе современа технологија, што значи и поквалитетни работни места за граѓаните на Пробиштип и околината“, нагласи Анѓушев.

Управителот на Таб Мак, Игор Липовник, истакна дека станува збор за компанија што успешно функционира од 1965 година, а во 2012 ја презема фабриката „Злетово“, што во тој момент имала 168 вработени и вкупно околу пет милиони годишен приход.

- Advertisement -

-Досега инвестиравме околу 19 милиони евра, а приходот од пет милиони евра се искачи на 66 милиони евра на годишно ниво.  Препознавајќи ги можностите што ги нудат мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, одлучивме да инвестираме минимално 15 милиони евра, а може да потврдиме дека ќе бидат 25 милиони евра, со повеќе од 100 нови работни места, со што очекуваме годишниот приход да го искачиме над 100 милиони евра. Тоа значи дека производството од 1,2 милиони акумулатори, што се вградуваат во „volkswagen“, „сitroen“ и „renault“, сега ќе се искачи на над три милиони произведени акумулатори. Воедно очекуваме производството на батерии за вилушкари, од 350 илјади парчиња, да се искачи на над еден милион произведени парчиња, истакна Липовник.

(Фото- www.tabbaterije.rs)

Сподели!
- Advertisement -