Владата се согласи дел од Шар Планина да стане национален парк

- Advertisement -

Владата, на вчерашната седница ја разгледа и усвои информација за статус на прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк, по што му препорача на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го издвои како посебна иницијатива предлогот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел од информативен карактер.

Согласно информацијата на МЖСПП, Владата им препорача на сите сектори вклучени во подготовката за определување на статусот национален парк (економија, шумарство, ловство, енергетика, транспорт, одбрана, туризам и др.), во рок од 15 дена да го достават своето мислење, по што МЖСПП ќе достави усогласен предлог до Владата на Република Северна Македонија за донесување Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Шар Планина во категоријата национален парк.

Сподели!
- Advertisement -