Стопанската комора организира обуки за обновливи извори на енергија следниот месец

- Advertisement -

„Претпочитаме дека на обуките ќе се пријават, техничари и инженери кои имаат веќе некакво искуство со цел овие обуки да бидат пилот прокет каде ние ќе може заеднички со луѓето кои имаат познавање од областа да изградиме стандарди на занимања кои потоа ќе ги акредитираме, согласно со Законот за енергетика тоа токму се бара и од нас“,  рече професорката Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија и редовен професор на ФЕИТ.

Исто така таа потсети дека во тек е воспоставување на нова лабараторија на ФЕИТ за лабораториски услови за обука.

- Advertisement -

Претседателот на Здружението за бизнис и консултанти Креација Ристо Иванов, како партнер во проектот „ Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ потенцираше дека од претходните две фази на прокетот околу 1500 се стекнале со сертификат за обновливи извори на енергија.

„Тоа што успеавме во претходните две години да опфатиме толку работници, 1500 се должеше на еден продукт на прокетот кој е познат како препознавање на претходни знаења и вештини. Таа иста методологија ќе биде применета и во овој прокет со што ќе биде проширено и на другите занимања инженери, архитекти и техничари. И очекуваме со овој прокет да се опфатат 300 нови директни градежни работници од 5 занимања, 300 техничари и околу 100 инженери“, вели Иванов.

- Advertisement -

Прокетот  кој има три цели обезбедување на бројот на квалификувани работници, бизнис билдинг информејшн моделинг и стекнување на вештини препознатливи на пазарот,  се реализира со 5 партнери, 4 од Македонија и 1 од Шпанија.

Сподели!
- Advertisement -