Иако најголем дел од луѓето денес користат лаптопи со сличен дизајн кои се состојат од екран на горната половина и тастатура на долната, последните години се повеќе компании експериментираат со дизајнот и изгледот на лаптопите за на корисниците да им овозможат поинакво и уникатно искуство. Токму таков уред е новиот лаптоп на Asus, ZenBook Pro Duo – кој има не еден, туку два екрани.
Класичниот 15-инчен OLED екран со размер на страници од 16:9 и 4K резолуција е на горниот дел, додека на долниот дел веднаш над тастатурата има втор екран кој од Asus го нарекуваат ScreenPad Plus. Станува збор за екран со размер на страници 32:9, кој може да се користи и како класичен екран, а најдобро може да се искористи кога на лаптопот ќе се стартуваат две апликации една по друга. Така, додека на главниот екран сурфате или работите, на долниот екран можете да следите некој натпревар, да отворите YouTube, да гледате временска прогноза итн.
Овој лептоп претставува сон за мултитаскерите и би бил интересен и за програмерите и професионалците во видеоиндустријата, на кои секогаш добро би им дошол дополнителен простор на екранот. Дополнителниот екран може да се користи и заедно со главниот екран така што некоја апликација, односно слика може да биде продолжена на двата екрани.