Македонија со свој претставник на Microsoft Office Specialist Champion светскиот натпревар во Њујорк

- Advertisement -

Во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите во Р. Северна Македонија денеска по четврт пат во просториите на i-bank store филијалата на Стопанска банка АД – Скопје се одржа финалето на националниот MOS (Microsoft Office Specialist) со кој Северна Македонија го доби својот претставник за светскиот натпревар.

На овогодинешното финале во кој учествуваа најдобрите 40 млади од речиси 700 пријавени лица победи Ана Марија Атанасовска. Победникот на Националниот MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар ќе ја претставува на светскиот Microsoft Office Specialist натпревар кој оваа година се одржува во Њујорк, САД . На светскиот натпревар активно учество земаат повеќе од 120 земји во светот.

- Advertisement -

Според организаторите на МОС натпреварот, Certiadria, од година во година интересот расне.

„Среќни сме што од година во година интересот за МОС натпреварот расне. Посебно сме горди што бројот на млади кои работат на подобрување на нивната дигитална писменост се зголемува, што во минатото не беше пример.  И честитаме на Ана Марија Атанасовска за освоенот прво место и му посакуваме успех во Њујорк на светскиот натпревар. Голема багодарност до сите поддржувачи на овој настан кои овозможија да препасне во традиција. Сакам да напоменам дека сите учесници кои ги положија испитите се стекнаа со меѓународни сертификати, со што го потврдија достигнатото ниво на дигитална писменост и вештини неопходни за понатамошен успех и кариерен развој„ – изјави Марко Серафимовски, директор на Certiadria.

- Advertisement -

На финалето од МОС натпреварот свое обраќање имаше и Милица Чапаровска – Јовановска, генерален директор за банкарство на мало од Стопанска банка – АД Скопје кои традиционално го поддржуваат овој натпревар со обезбедување на трошоците за патувањето на победникот и менторот на светскиот натпревар во САД.

Валентина Тасева, директор на Семос Едукација во своето излагање им се обрати на натпреварувачите: “Не престанувајте да ги градите своите знаења и вештини на сите полиња, сега и постојано. Вашиот дом е целиот свет. Градете го својот глобален дом со знаење. Само така ќе направите поубаво место за живеење за сите. Веруваме во вас. Вие сте иднината”. На финалето, свое обраќање до јавноста имаше и претставникот на Град Скопје кој е партнер во организирањето и спроведувањето на МОС натпреварот.

- Advertisement -

„Како и минатата година така и оваа Градот Скопје обезбеди бесплатно тестирање за 500 учесници. Не радува фактот што со поддршка на овој проект им овозможивме на учениците бесплатно да ги полагаат испитите и да се стекнат со меѓународно признат МОС сертификат. За оваа година, набавиме 500 испити од кои 450 MOS и 50 АCA. Со задоволство можам да констатирам дека од година во година е сѐ поголем бројот на средношколци коишто учествуваат на натпреварот и преку добивање на овој светски признат сертификат го валоризираат своето знаење. Во текот на изминатите години, Градот директно поддржа 1750 ученици овозможувајќи им бесплатно полагање на МОС испитите, но оваа наша пракса ќе ја продолжиме и во иднина со цел на што повеќе млади луѓе да им дадеме можност да се стекнат со овој сертификат.“ – изјавија од Град Скопје.

 

——————————————————————————————————————————————

Зa Microsoft Office Specialist НАТПРЕВАРОТ:

Натпреварот се одржува четврта година по ред и е во организација на Certiadria, со поддршка од многу компании, државни институции и општини, меѓу кои: Град Скопје, Општина Куманово,   Семос Ед  у  кација  Стопанска банка АД – Скопје, Макпетрол А.Д. Скопје и др.

MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).

 

 

Сподели!
- Advertisement -