Локомотива е дел од четирите електрични локомотиви што ќе пристигнат во текот на оваа година од производителот ЦРРЦ – Кина, а се дел од проектот за обновување на возниот парк на МЖ Транспорт АД-Скопје, финансиран од страна на ЕБОР и Владата, информираат од МЖ Транспорт.

- Advertisement -

Оттаму потенцираат дека набавката на локомотивите ќе го зголеми возниот парк што ќе доведе до скратување на времето на превоз на товарните вагони, доверливост во транспортот и зголемен обем на работа во нашата компанија.

Инвестицијата во новите локомотиви, според потпишаниот договор со ЦРРЦ, изнесува осум милиони евра. Од кинеската компанија претходно беа набавени и шест нови патнички гарнитури.