Белград сака да го наплаќа влезот во центарот на градот

- Advertisement -

Градските челници на Белград одлучиле да го решат проблемот со сообраќајниот метеж во центарот на градот со наплата на влезот на автомобили. Како што пишува српскиот весник Večernje novosti идејата е главниот град на Србија да земе пример од Лондон, Сингапур, Милано…

Поради наглиот пораст на бројот на возила во последните некоку децении се јавува загушување на сообраќајот, особено во тесниот центар. Последиците се многубројни и резултираат со подолго време за патување, губење време, поголема потрошувачка на гориво, зафатени површини со возила, намалена безбедност во сообраќајот, се вели во тендерската документација.

- Advertisement -

Избрани експерти треба да ги дефинираат зоните во рамките на кои ќе се управува со сообраќајниот метеж, односно да видат какви ефекти би имало воведувањето наплата за влез во центарот на градот. Како што наведува весникот, експертите за сообраќај напоменуваат дека студијата се базира на ѕmart план за развој на сообраќајот до 2033 година.

Сподели!
- Advertisement -