Голем интерес од компаниите за средства од Фондот за иновации

- Advertisement -

487 компании аплицирале со проекти на последниот повик на Фондот за иновации. Бараат државата да ги финансира со 70 милиони евра, а тие ќе инвестираат 35 и ќе вработат 2.750 лица. Буџетот за годинава со овој повик се предвидени 5 милиони евра, и уште толку со конкурсот во септември. Од Владата велат интересот е голем, но сите не можат да добијат пари. Ќе прават напори да се најдат пари за добрите проекти.

„Се разбира ние во рамките на буџетот немаме 70 милиони евра средства одредено. Оваа година на годишно ниво има одредено околу 10,5 милиони евра. Тие 10,5 милиони евра секако ќе бидат поделени, секако ќе видиме доколку има квалитетни проекти, доколку се создадат услови за некое ново буџетирање би можеле да одредиме и повеќе средства бидејќи гледаме дека оваа програма дава резултат“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.

- Advertisement -

На повикот и натаму доминираат ИТ компаниите со 126 апликации, но зголемен е интересот и на традиционалните индустрии. Прв пат беше дозволено учество и на приватни здравствени установи од кои има 35 апликации. Доминираат микро компаниите меѓу кои има и стартапи. Најголем дел или 270 од апликаиците се од Скопје, а над 200 се од другите градови.

 

- Advertisement -

50 надворешни експерти и пет експерти на Светска банка ги ревидираат апликациите, а првите договори со избраните компании од овој повик се очекува да се потпишат во август или септември. Лани беа поделени околу 17 милиони евра на 133 компании, кои пак отвориле 800 работни места, со просечни плати од над 40.000 денари.

Сподели!
- Advertisement -