Доделени признанијата за најиновативни компании на годината 2019

- Advertisement -

На 29 мај во хотел „Александар Палас“ во Скопје се одржа манифестацијата за доделување на награди и признанија од националниот конкурс за „Иновативно претпријатие на годината 2019“, кој имаше за цел да ги промовира и награди македонските претпријатија кои успешно
лансирале иновација во своето работење.

Во конкуренција на 31 компанија кои  зедоаучество на конкурсот беа одбрани најиновативните компании од три  категориикои добија признание за успешност и парична награда од 200.000 денари, средства обезбедени од град Скопје.

- Advertisement -

Во категоријата најиновативна стартап, компанија наградата ја понесе Омега Рисрч со иновацијата „Иднината на козметиката“, 100 % органска, јадлива и вкусна козметика. Оваа година производите на Омега почнаа да се продаваат и во Словенија и Хрватска каде компанијата се вклучи во еколошката акција – за свет без пластика.

Компанијата Аспект со иновацијата „Дигитален онлајн финансиски сервис“ го доби признанието за најиновативна мала компанија. Иновативното решение на компанијата е имплементирано на пазарот во Мадагаскар и е нова и единствена услуга од овој тип во поголем дел од Африканскиот регион.

- Advertisement -

Во категоријата најиновативна средна компанија  наградатаја доби Вори од Гевгелија,  компанија со повеќе од 25 години искуство и добитник на бројни награди и признанија, за иновацијата „Готови здрави оброци во мали стакленки“.

Наградите ги врачија претставници од ПСМ Фондација и Град Скопје.Конкурсот „Иновативно претпријатие на годината“ е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија а имплементиран од ПСМ Фондација во соработка со МИР Фондација и АРК Фонд од Бугарија и беше отворен за сите македонски компании кои имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите три години (2016, 2017 и 2018 година).

Сподели!
- Advertisement -