63 училишта во финалето на „Предизвик за млади истражувачи 2“

- Advertisement -

Шеесет и три основни и средни училишта влегоа во финалето на „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации и технолошки развој кое се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука. Тимовите на учениците од 38 основни и 25 средни училишта два дена јавно ги презентираат своите проекти пред комисијата составена од претставници на МОН, Бирото за развој на образование, ФИТР, универзитетски професори и партнерски организации.

Катарина Кречева, раководител на одделение за креирање програми во ФИТР ги поздрави учесниците им порача:

- Advertisement -

“Финансирајќи вакви проекти имаме прилика да инвестираме во вас и да ве поттикнеме да истражувате и да дојдете до нови сознанија. Верувам дека овде со нас се идните претприемачи кои ќе придонесат за развој на земјата“.

Кречева нагласи дека се пристигнати квалитетни предлог проекти од разни краеви на земјата и комисијата ќе има тешка задача да ги избере најдобрите.

- Advertisement -

Расположливиот фонд за овој предизвик изнесува 2.500.000 денари. За најуспешните истражувачи се предвидени награди во две категории: Научно-истражувачки проекти во основното образование и Научно-истражувачки проекти во средното образование. Еден предлог проект може да биде награден до 300.000 денари. Исто така се предвидени награди од дополнителни 30.000 денари за наставниците ментори наменети за обуки, семинари, конференции кои што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.

- Advertisement -

На „Предизвик за млади истражувачи 2“ се пријавија 88 основни и  средни училишта од цела Северна Македонија. Предизвикот беше отворен од 01 февруари до 31 март 2019 година со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите во нивниот развој и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта во Северна Македонија.

Најдобрите основни средни училишта, добитници на награди на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ ќе бидат објавени на 9 јуни, на голем настан во Градскиот парк во Скопје.

Сподели!
- Advertisement -