Отворање на Халки училницата во Зоолошката градина

- Advertisement -

Со предавање за подготовка на животните и нивните живеалишта за зимата и за природата како вечна ликовна инспирација, утре (26 октомври) со почеток во 10 часот ќе биде пуштена во употреба новата Халки училница на отворено, која се наоѓа во Зоолошката градина во Скопје.

Работилниците се наменети за деца од училишна возраст, ментори ќе бидат едукаторите од ЗОО и ликовни уметници, а модератор е Матеа Јанковска, актерка од Театарот за деца и младинци.

- Advertisement -

Серијата работилници се одржува по повод октомври – месецот на штедењето, а организатор е Халкбанк АД Скопје, која како голем пријател на децата и на животните, неодамна на Зоолошката градина ѝ ја подари и колоритна училница на отворено, со впечатлив поден мурал, отворена сцена и интересни креативи, кои на омиленото скопско катче на децата му даваат нов и свеж изглед.

  • Идејата е просторот да има мултифункционален карактер, да послужи како училница во која ќе се одржуваат интересни работилници посветени на природата, екологијата, запознавање со животните, нивните потреби и навики, како и запознавање со улогата на човекот во живиот свет. Всушност, сите овие теми се дел од нашата платформа „ХалкЕко“, но и од сите активности поддржани од Детското штедење и платформата на слончето Халки, подвлече по повод донацијата, Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Во рамките на работилниците, претставници на Банката ќе одражат предавање и за важноста на штедењето, како и за поволностите при отворањето детски депозит. До крајот на октомври најавени се уште неколку активности и изненадувања со цел да се поттикне финансиската писменост кај населението.

Сподели!
- Advertisement -