ВИДЕО: Даската Reef ви овозможува да нуркате без да влезете под вода

- Advertisement -

Една од омилените летни активности е нуркањето и запознавањето на неверојатниот подводен свет во морињата и океаните. Додека најчесто за тоа ви е потребна посебна опрема, маска и боца со кислород ако одите во подлабоки води, даската Reef ви овозможува да нуркате без да влезете под вода.

Се прашувате како е тоа возможно? Е па така што даската не е обична даска на која ќе се излежувате на вода додека брановите ве нишаат лево-десно, туку има посебен провиден отвор, односно прозорец каде што ја ставате главата, односно лицето. Преку тој дел можете да видите што се случува под водата без воопшто да се наводените и без да ви треба маска.

- Advertisement -

Исто така, преку прозорецот можете и да ги фотографирате морските животни. Даската поддржува тежина до максимум 113 кг и ви овозможува да уживате во несекојдневната убавина на подводниот свет без да мора самите да се одржувате на површината на водата.

Сподели!
- Advertisement -