Утре љубителите на олдтајмери ќе уживаат на „Skopje Classic Day”

- Advertisement -

Утре во Скопје ќе се одржи „Skopje Classic Day”, меѓународен настан на кој љубителите на олдтајмери ќе можат да погледнат 55 автомобили и 30 класични мотоцикли постари од 35 години.

Настанот се организира втора година по ред, а годинава, потврдено е учество на колекционери од пет држави, бројката на возила кој ќе бидат гости надвор од нашата држава изнесува 25.

- Advertisement -

Организаторите велат дека главната идеја за организирање на настанот е да се соберат на едно место префинети примероци на историски возила од регионот и пошироко и во една лежерна атмосфера да се ужива во убавата музика, мода и вино, кои ќе претворат овој ден на убавината и елеганцијата, во ден на вистинско уживање. Изборот на најдобар автомобил и мотоцикл ќе го прави тричлено стручно жири, кое ќе ги оценува возилата поделени во класи.

Сподели!
- Advertisement -