Huawei лиценцираше сопствен оперативен систем

- Advertisement -

Откако пред неколку години почнаа несогласувањата меѓу САД и Кина, особено последните неколку месеци и недели, кога американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрани за соработка со Huawei на американските компании, кинескиот производител на технологија објави дека постои можност Android  да го замени ос сопствен оперативен систем.

Сега Huawei потврди дека започнале со лиценцирање на новиот софтвер најпрвин во Кина, а потоа и во Европа. Huawei својот нов оперативен систем во Кина ќе го заштити под името Hongmeng, а за Европа го нарече ARK OS, што веројатно ќе биде глобално име.

- Advertisement -

Кои  се карактеристиките  на новиот систем и  каков е во споредба со Android веројатно ќе дознаеме набрзо ако почнат официјално да го промовираат.

Сподели!
- Advertisement -