- Advertisement -
Општината Будва подготвува нови комунални правила за своите сограѓани, но и за сите гости. Секој што ќе јаде и пие на јавна површина ќе плати дури 700 евра. Нацртот и идејата се по примерот на Хвар.
Туристите во Црна Гора годинава може скапо да го платат летувањето доколку не се придржуваат до најавените правила.
- Advertisement -
Црногорците планираат да воведат и казни за шетање во костим за капење без маица во износ од 500 евра. Црна Гора планира по примерот на Хрватска, особено Дубровник, Хвар и Сплит да ги доведе во ред сите кои се однесуваат непримерно.
Засега оваа одлука и понатаму е на ниво на план, а во конечната одлука ќе учествуваат и оние кои се најзасегнати од тоа – граѓаните на Будва.
- Advertisement -
- Advertisement -