ВИДЕО: Во Флорида се гради првиот хотел во светот во форма на гитара

- Advertisement -

Оваа есен ќе биде пуштен во употреба првиот хотел во светот кој има форма на гитара. Хотелот вреден 1,5 милијарди долари во Холивуд, Флорида, е дел од поголем проект вреден 2,2 милијарди долари за проширување на два Florida Hard Rock хотели и казина.

Хотелот со форма на гитара ќе има 35 ката и ќе биде висок 122 метри, а ќе биде отворен на 24 октомври. Резервациите на соба ќе може да се прават почнувајќи од 24 јули, а билетите за големото отворање, на кое ќе настапи познатата музичка група Maroon 5 и згодниот фронтмен Адам Левин, веќе се во продажба.

- Advertisement -

Брендо Hard Rock денес е посилен од кога било. Музичкиот елемент е многу битен дел од тоа што го дефинира брендот. Она што со нетрпение го очекуваат луѓето од новиот хотел е шоуто наречено The Oculus составено од звуци, светла, вода и кореографии, но најпопуларен дел од новиот објект секако ќе биде делот за одржување концерти Hard Rock Live, каде што се планираат барем 100 шоу-програми годишно.

Hard Rock is opening the world's first guitar-shaped hotel in Hollywood, Florida.

Posted by Startup Selfie on Недела, 02 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -