- Advertisement -
За Интернационалниот ден на животната средина, 5 јуни, на централниот плоштад во Скопје (во близина на старата куќа на Мајка Тереза) ќе се одржи саем на енергетска ефикасност.
Според ЕВН, Шпаркасе Банка и EBRD GEFF, овогодинешната тема е аерозагадувањето и мерки за зголемување на квалитетот на воздухот.
- Advertisement -
„На саемот ќе се презентираат различни солуции за воведување на енергетска ефикасност во домовите“, велат организаторите.
Учесниците на саемот ќе ги претстават своите современи решенија за енергетски ефикасна изолација на објектите, прозорци, сончеви колектори, осветлување, котли и фотоволтаични системи.
- Advertisement -
Најавени се и повеќе компании изложувачи, кои ќе имаат свои штандови поврзани со енергетската ефикасност.
- Advertisement -