Сите знаеме колку може да бидат валкани хотелите каде што престојувале и голем дел од луѓето прават дезинфекција на се што би можеле да допрат додека се таму само што ќе стапнат во хотелската соба.
Но, проблемот е во тоа што никогаш не можеме да бидеме сигурни дека нема да оставиме некои бактерии кои не можеме да ги видиме. Затоа е тука минијатурниот робот Cleansbot, кој може да ја открие и да ја уништи секоја бактерија.
Има тркалезна форма, а толку е мал што може да се држи во дланка. Роботот се движи по секоја површина и детектира нечистотии со помош на 18 сензори и вградената вештачка интелигенција, а ги уништува со помош на четири УВ ламби.
Практичен е да го носите со себе на секое патување и да бидете сигурни дека ќе спиете во безбедна и чиста средина. Батериите ги полните до полнач како телефон. Целосно се полнат за 4 часа, а потоа роботот може да чисти максимум 3 часа.
This compact ultra-lightweight bot cleans bacteria lurking in hotel rooms via Cleansebot
Posted by Interesting Engineering on Недела, 26 мај 2019