Нови 8-10 милиони евра за македонските земјоделци преку ИПАРД2

- Advertisement -

 

Меѓу осум и 10 милиони евра им се на располагање на земјоделците преку ИПАРД 2 програмата со мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси”. Во наредните 30 дена земјоделците ќе може да ја подготват неопходната документација и барања за да аплицираат.

- Advertisement -

Jавниот повик ќе биде објавен во наредниот период, а за добивање финансии ќе се конкурира по принципот на кофинансирање. Согласно програмата, 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата на ИПАРД 2 програмата. Може да се аплицира за инвестиции за модернизација на постојни или отворање на нови погони за производство на тестенини, колачи, фарми за одгледување зајци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, отворање кино, радио или локална телевизија во рурална средина, сместувачки капацитети и ресторани….

-На првиот повик од ИПАРД 2 програмата се склучени 947 договори со кои се побарувале 22 милиони евра. Од тие барања 868 субјекти ја завршиле инвестицијата и побарале поврат на парите. На 230 апликанти веќе им се вратени три милиони евра за реализираните инвестиции. Како што поминуваат последните контроли, така и другите баратели ќе бидат доисплатени, рече Бабовски.

- Advertisement -

За мерките 1 и 3 од Програмата пристигнале 1.164 апликации преку кои се побаруваат над 25 милиони евра за модернизација на земјоделски стопанства и инвестиции во преработувачки капацитети. За мерката 1 имало 1.099 апликации и се побарувале 17,1 милион евра, а за мерката 3 пристигнале 65 апликации за инвестиции во преработувачки капацитети кои побаруваат 15,4 милиони евра.

– Со 14 апликанти потпишавме договори за реализација на инвестицијата што е рекорден рок на обработка на барањата. Вредноста на склучените 14 договори е 1,4 милиони евра, рече Бабовски, посочувајќи дека земјоделците и агробизнисмнените научиле дека треба да поднесуваат комплетна документација

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -