Футуристички авион ќе ги пренесува патниците во крилата

- Advertisement -

Авиоиндустријата со години  работи  на развој на нови, економични и ефикасни авиони. Некои од тие нови авиони може да се пофалат со навистина одлични резултати, но и со необичен изглед.

Последен во низата необични  авиони е Flying-V, кој би требало да биде поефикасен од кој било авион досега. Главната карактеристика на авионот, чиј развој го финансира холандската компанија KLM Royal Dutch Airlines, е неговиот футуристички изглед во форма на буквата V.

- Advertisement -

За разлика од класичните авиони кои можеме да ги  одиме денес, Flying-V кабината со патници, товарот и горивото ги носи во крилата, а не во трупот.

Проектот Flying-V e осмислен на Техничкиот универзитет во Берлин, а дополнително го развиле на Техничкиот универзитет Делфт во Холандија.

- Advertisement -

Планирано е авионот да може да превезува 314 патници во своите крила, кои се долги 65 метри, а притоа да троши 20% помалку  гориво од Airbus A350-900.  Токму благодарение на аеродинамичниот облик  се постигнува таа заштеда на гориво..

Но, никој нема да може да ужива во овој авион наскоро. Креаторите се надеваат дека првиот прототип ќе полета во септември годинава, но до првиот комерцијален лет има уште многу тестирања. Според најоптимистичките предвидувања, овој авион ќе може да се види на небо помеѓу 2040 и 2050 година.

Сподели!
- Advertisement -