ИКЕА претстави роботски мебел за луѓе кои живеат во мали станови

- Advertisement -

Мебелот од иднината можеме да го наречеме мебел со супермоќи, велат од ИКЕА. Овој шведски синџир за производство на мебел направи нова линија мебел наречена Rognan која е карактеристична по иновативноста и флексибилноста и е наменета за луѓе кои имаат ограничен простор и секој сантиметар им е битен.

Роботскиот мебел, како што го нарекуваат, се управува со посебен прекинувач. Во зависност од желбите на корисникот, мебелот може сам да се премести и да ослободи простор во дневната соба или во спалната соба. Се базира на лизгачки механизам и скриени тркала, па така се движи.

- Advertisement -

Rognan е развиен во соработка со американската компанија Ori, а на почетокот мебелот од оваа серија ќе биде достапен само во Јапонија и во Хонгконг, но веруваме дека со тек на време ќе се најде на сите светски пазари.

Како што можете да видите од видеото во прилог, од една страна се наоѓа дневен простор, односно кауч, додека со притискање на копче на прекинувачот кој го добивате заедно со мебелот Rognan, мебелот полека се поместува и отвора простор од другата страна, на која се наоѓаат ормари, стол и кревет на извлекување. Кога ќе сакате да спиете, се разбира. нема сами да го извлечете креветот, туку ќе притиснете на посебно копче на прекинувачот и креветот сам че се лизне надвор.

- Advertisement -

Ова е навистина интересно решение кои би било корисно за многу луѓе во светот кои живеат во мали станови, но прашањето е што ќе се случи кога ќе се расипе механизмот за придвижување и дали сопствениците на мебелот ќе останат заглавени само со еден кауч и нема да можат да пристапат во делот каде што се ормарите. Уште не е позната цената на Rognan, а продажбата ќе почне идната година.

Сподели!
- Advertisement -