Срби ги направија првите играчки за бебиња во светот направени од пчелин восок

- Advertisement -

Давид и Милица Стокиќ одлучиле на своите деца да им направат играчки кои се еколошки, не и наштетуваат на животната средина и не се направени од материјали кои може да им наштетат на децата. Во 2016 година почнале да работат на играчките, а првиот предизвик бил како да се дојде до материјал кој ги задоволува тие услови, а не може да се најде на пазарот.

„Поради тоа изработката на првиот прототип на мечето од Beez&Toys траеше речиси две години. Клучниот материјал го пронајдов случајно, но неврзан разговор со пчеларот од кој со години купуваме мед. Имаме доверба во него и секогаш добиваме 100% природен мед, произведен на традиционален начин и без додатоци“ вели Давид Стокиќ.

- Advertisement -

Тој материјал бил пчелиниот восок. Восокот има натибактериско дејство, еден е од најдобрите природни изолатори, а неговиот мирис делува смирувачки и опушта. „Меѓутоа, веројатно сите тие информации немаше да стигнат до мене да не видев како се обликува восокот. Во тој момент сфатив и зошто восочните фигури се прават од восок и помислев дека тоа е материјалот кој целосно ги исполнува поставените критериуми. Бев сигурен дека од него можам да направам играчки кои на децата ќе им овозможат правиелн развој на моторичките способности“ додава Стокиќ.

Со двајца пријатели одлучил да ја направи првата играчка за бебиња. По шест месеци го осмислиле технолошкиот процес и го направиле прототип – плишана играчка со внатрешен слој од восок. Давид и неговата сопруга ги поддржал Фондот за иновации. Како што велат, прашањето е како би се снашле без поддршка и како би стигнале до готов производ со сите сертификати за извоз во Европска унија.

- Advertisement -

Претежно се фокусирани на странските пазари затоа што цената не е толку поволна и конкуретна за нашите пазари. „Почнавме и кампања за групно финансирање, како иновативен начин на финансирање иновации. Овој начин на финансирање веќе е таблиран во западниот свет, а кај нас допрва почнува. Во нашиот случај тоа е продажбата на играчки однапред за луѓе кои се заинтересирани да поддржат иновации“ појаснува Стокиќ.

Сподели!
- Advertisement -