Сингапур е најконкурентната економија во светот

- Advertisement -

Сингапур е најконкурентната економија во светот благодарение на врвната архитектура, обучената работна сила, отворената политика за имигранти и законите кои се пријателски настроени кон компаниите.

Градот-држава исто така има и најдолг просечен животен век на луѓето и ја нарекуваат првата земја во светот која е целосно подготвена за иднината.

- Advertisement -

Сингапур ги замени САД на врвот на листата со најконкурентни економии во светот. Хонконг и понатаму е на втората позиција поради своите поволни даночни политики и бизнис закони, а САД паднаа од прво на трето место поради повисоките цени на горивата и флуктуацијата на вредноста на доларот.

Индонезија и Тајланд исто така се искачија на листата, додека Венецуела е на самото дно поради високата инфлација, непристапноста до кредити и слабата економија.

- Advertisement -

Експертите велат дека конкурентноста е од суштинско значење за долгорочното здравје на една економија.

Singapore is the most competitive economy in the world

It knocked the US off the top spot. 📕 Read more: https://wef.ch/2ZfceYr

Posted by World Economic Forum on Петок, 07 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -