Америка сака да ги забрани кинеските апликации, вклучувајќи го и TikTok

- Advertisement -

Еден од следните чекори кои американската влада би можела да ги преземе против Кина е забрана за користење на кинеските мобилни апликации, вклучувајќи го и TikTok. Како што во неодамнешно интервју нагласи државниот секретар Мајк Помпео, тоа е нешто за што сериозно се размислува, иако уште не е донесена конечната одлука. Кина секако веќе со години е на радарот на Трамп, а ситуацијата дополнително се влоши откако го ставија Huawei на црната листа со компании со кои е забрането да соработуваат американските компании.

После забраната за користење на кинескиот хардвер, следниот чекор би можел да биде забрана за користење на софтверот соознака „made in China”. Во истото интерју Помпео на Американците им порача дека можат да го преземат TikTok на своите телефони само ако сакаат нивните приватни информации да завршат во рацете на кинески комунистички партии.

- Advertisement -

Американските политичари веќе подолго време го критикуваат TikTok, апликацијата која ја разви компанијата ByteDance. Бидејќи станува збор за кинеска компанија, тие ја сметаат за закана по националната безбедност поради потенцијалната поврзаност со владејачката партија, со која некои сметаат дека можеби соработува компанијата креатор на TikTok и споделува приватни информации.

Одговорот на TikTok на обвинението е дека тие работат одделно од ByteDance и дека нивните податочни центри се сместени надвор од Кина и не подлежат на кинеските закони. Податоците за американските корисници се складираат на локации во САД, а резервна верзија се чува и во Сингапур. Поради тоа тие сметаат дека критиките за закани по националната безбедност на Кина се целосно неосновани.

- Advertisement -

Освен во САД, TikTok и други познати кинески апликации имаат проблеми и во Индија, каде што веќе е најавена забрана за нивно користење. Како што наведуваат од индиската влада, причината за тоа е загриженоста поради преносот на податоци на сервери надвор од Индија, што претставува закана по националната безбедност. Освен TikTok, забраната се однесува на речиси 60 апликации, вклучувајчи ги Weibo и WeChat.

(Dnevnik.hr, CNN)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -