Хрватската компанија Infobip во трка за наградата Светски претприемач на годината

- Advertisement -

Во Монако во сабота навечер се доделува престижната награда Светски претриемач на годината. И Хрватска годинава има свој претставник – компанијата Infobip. Infobip е компанија со седиште во Водњан на Истра и секојдневно допира со милијарда корисници, па затоа е и во конкуренција за престижната награда.

Компанијата е основана пред 13 години, а сега има 1.500 вработени, 61 канцеларија ширум светот на сите континенти освен на Антарктикот. Оттука, има и завидена листа со клиенти – Uber, Facebook, WhatsApp…

- Advertisement -

„Убаво е да се биде овде и да се претставува Infobip и Хрватска во едно вакво опкружување. Сие луѓе со кои разговараме овде се импресионирани од приказната како настанал Infobip”,  вели Изабел Јелениќ, една од основачите на Infobip.

„Не одеше секогаш се како што треба. Ни пропаднаа повеќе од десет проекти, но никогаш не се откажавме. Луѓето се најголемата вредност и треба многу да се инвестира во едукација, во нови технологии“ вели Роберто Кутиќ, соосновач на Infobip.

- Advertisement -

Не само што имаат успешна приказна, туку имаат и големи планови за во иднина. За две недели почнуваат да градат нов кампус во Загреб, каде што планираат да вработат 700 луѓе. Во наредните три години тој број сакаат да го зглемат на 3.000.

Infobip и минатиот месец доби големо признание за својата работа. На свеченото доделување на наградите ROCCO Awards беше прогласен за најдобар провајдер на A2P (application-to-person) услуги во светот. Ова е трета година по ред како Infobip го освојува првото место во светот според оценките на 350 телеком оператори во светот и 265 водечки светски компании во годишниот извештај ROCCO.

Сподели!
- Advertisement -