Германија ги претвори старите рудници во езера и плажи

- Advertisement -

Германија ги претвори старите рудници во езера и плажи. Во источниот регион Лузатија старите отворени рудници правеа пејзажот да изгледа валкан и разурнат. Но, со децении наназад Германија ги претвора тие стари рудници во езера. На површина од 66 км низ Саксонија и Бранденбургсега се наоѓа најголемaтa област со езера во Европа.

На местото на старите рудници сега има езера, плажи и кампови. Германија го трансформира националното индустриско наследство во нешто во што ќе ужива секој.

- Advertisement -

Сепак, езерата во Лузатија не се единствените индустриски зони на кои Германија им го смени изгледот и примената. Во близина на Берлина, на пример, има стари машини за ископување руда кои денес се дел од музејот Ферополис. Музичките фанови сега можат да уживаат во концерти во близина на машинеријата.

Рударскиот комплекс Цолверајн во близина на Рур порано бил индустриски центар. Сега е на листата со светски наследства на УНЕСКО. Многу поранешни индустриски предели низ годините доживеале преобразба и помогнале за развојот на околните градови.

- Advertisement -

Germany turned old mines into lakes and beaches

Getting diggy with it. 📕 Read more: https://wef.ch/2Kv4uxv

Posted by World Economic Forum on Четврток, 06 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -