Камп приколка која се издолжува трипати повеќе од оригиналната големина

- Advertisement -

Луѓето коишто сакаат да кампуваат денес можат да прават многу работи како да носат секаква опрема со себе и да бидат исклучени од реалниот свет со недели, но органичени се од просторот на камп приколките. Компактноста  на класичните приколки им смета на сите кампери кои сакаат малку повеќе простор. Француската компанија Beauer го создаде совршеното решение за нив.

Првичниот концепт за приколката Beauer 3X trailer  бил изготвен во 2009 година, станува збор за модерна приколка која работи на принципот на телескоп и за неколку секунди се издолжува за трипати повеќе од оригиналната големина со едноставно притискање на копче. Кога ќе се склопи, приколката е долга 6 метри, а сите врати и прозорци се затворени и заштитени од натрапници и крадци. Со помош на електричен клуч приколката се издолжува и отвора дневна соба со површина од околу 12 метри квадратни за само 20 секунди.

- Advertisement -

Кога ќе се склопи целиот мебел влегува еден во друг, а кога ќе се издолжи добивате спална соба, бања, кујна, дневна соба и трпезарија. Ефикасниот дизајн овозможува да се постави брачен кревет, голема маса за јадење, кујна со шпорет, фрижидер, мијалник и простор за складирање. Цената на Beauer 3X почнува од 33.000 долари, а засега се продава во Франција и во Европа.

Expandable Caravan

This caravan expands to 3 times its size in less than 20 seconds.

Posted by Startup Selfie on Вторник, 04 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -