Во Mozillа размислуваат за начини на кои дополнително можт са ги зголемат приходите, а еден од нив е премиум верзијата на Firefox со некои нови можности, при што класичната верзија и понатаму би била целосно бесплатна. Mozillа Firefox за милиони луѓе ширум светот е најчесто користениот веб пребарувач, а извршниот директор на компанијата Крис Бирд неодамна најави некои новитети кои корисниците можат да ги очекуваат на крајот на годината, вклучувајќи и воведување претплата.
Секако, не станува збор за тоа корисниците да почнат да плаќаат да користење на пребарувачот кој моментално го користат, туку Mozilla ќе претстави некои нови опции за кои ќе треба да се плаќа месечна претплата. Имено, на корисниците и понатаму ќе им биде достапна класичната верзија на Firefox, која постојано ќе има нови надградби на безбедноста, додека корисниците кои ќе сакаат повеќе ќе треба да платат за тоа.
Моментално околу 90% од приходите на Mozillа се од партнерства со пребарувачи, првенствено со Google и од компанијата сакаат да најдат нови извори на приходи. Бирд изјави дека уште не се утврдени сите детали, но некои од премиум опции за кои размислуваат се VPN сервис и безбедно складирање податоци.