Вработените во оваа компанија работат на виртуелен остров

- Advertisement -

Се повеќе луѓе работат од дома или од некое друго место, а не во физичка канцеларија. Едно истражување објавено минатиот месец покажа дека околу 2/3 од луѓето во светот работат од дома барем еден ден од неделата. Според агенцијата Gallup, флексибилното работно време и работата од дома имаат многу битна улога во одлуката дали да се прифати или да се одбие некое работно место.

Оттука произлегува прашањето дали физичките канцеларии ќе престанат да постојат ако продолжат овие трендови? Можеби или можеби ќе бидат заменети со пиксели. Како што пишува Business Insider, eXp Realty, компанија за трговија со недвижности, која има 1.500 вработени и проценета вредност од 610 милиони долари, има изградено канцеларии на виртуелен остров.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека нивните виртуелни канцеларии им носат некоја предност како тоа да услужат 8.000 посетители месечно и да најмат квалитетни вработени со полно работно време од кој било дел на светот. Просториите на eXp Realty на виртуелниот остров имаат сали за состаноци и канцеларии дизајнирани според традиционалните работни простории, но исто така нудат и можност за среќавање и интеракција со колеги на плажа, на стадион, на брод итн. Програмата им овозможува на вработените да комуницираат на различни начини.

Иако се наоѓаат во виртуелна соба, кога има состанок вработените поединечно се во приватна соба обележана со син круг. Тоа значи дека гласовите од другите разговори околу нив нема да им пречат и гласот на сите учесници на состанокот ќе се слуша еднакво јасно.

- Advertisement -

Истражувањата покажуваат дека работењето од дома им носи бенефити на работниците и на компаниите, како што се зголемена продуктивност, помалку стрес. Се разбира, има и негативни страни на сето тоа како што се чувството кај вработените дека се изолирани од организацијата за која работат.

Она што е нејасно е што ќе се случи ако секој вработен во една компанија работи од дома. Резултатите на eXp Realty досега се многу позитивни, вели главниот технички директор на компанијата, Скот Петронис. Тој можеби не познава една третина од своите колеги, но вели дека колегите се толку желни да се запознаат и во реалниот свет што договараат средби за време на одмори.

Сподели!
- Advertisement -