Технологијата за плаќање на Amazon ќе ги замени и документите за идентификација

- Advertisement -

Технологијата која Amazon ја претстави уште минатата година наскоро треба да биде достапна во сите продавници на Amazon, а компанијата сака нејзиното користење да го прошири и на партнерските компании. Откако го покорија пазарот за онлајн -трговија, Amazon се обидува да го смени начинот на кој купуваме офлајн, односно во продавница. Нивните идеи се прилично радикални, но во нив се инвестирани многу време и пари и пред неколку години ја отворија првата од низа продавници во кои нема каси. Купувачите кои ќе влезат во продавница треба да се регистрираат преку профил поврзан со Amazon, да земат што им треба и да си заминат. Броојните камери, сензори и напредната технологија ќе се погрижат да им се наплатат производите.

Сега тимот на Amazon сака дополнително да го поедностави тој процес со користење на технологијата Amazon One. Станува збор за технологија за препознавање на дланките која Amazon ја претстави уште во септември минатата година и за чие користење не е потребно да имаш профил на Amazon. Принципот на работа на технологијата е едноставен и сигурно ќе го прифатат сите корисници кои не размислуваат премногу за приватноста.

- Advertisement -

При влегувањето во продавница корисниците ќе ја постават дланката над посебен терминал за системот да ги препознае и на излезот ќе ја постават дланката над уред за плаќање. И тоа е се што е потребно за да се изврши плаќање. Amazon најави дека таа технологија на плаќање со дланка од неделава ќе биде достапна во сите продавници во Сиетл, но наскоро плаќањето со дланка ќе биде достапно и во сите физички продавници на компанијата. Крајната цел на Amazon не е само плаќање со дланка, туку компанијата се надева дека и други компании и големи трговски синџири ќе го прифатат системот за плаќање, но и са идентификација.

Така, Amazon One може да стане не само средство за плаќање, туку и во некои случаи може да ги замени и документите за лична идентификација. На пример, при влегување во теретана или книжарница нема да има потреба да се покаже членска книшка, туку само да се стават рацете на посебен терминал.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Amazon One)

Сподели!
- Advertisement -