Стивен Спилберг подготвува толку страшна серија што ќе може да се гледам само ноќе кога ќе падне мрак, а кога ќе излезе сонцето и ќе се раздени епизодите повеќе нема да бидат достапни се до навечер. Серијалот „After Dark“ ќе биде достапен само на плaтформата за стриминг Quibi и ќе ги користи податоците од паметните телефони за локација за да знае кога заоѓа и изгрева сонцето каде што живеат корисниците и да ги отклучува, односно заклучува епизодите.
Станува збор за интересен маркетинг трик кој ќе го привлече вниманието на многу корисници, а ова е одлична реклама и за платформата Quibi, која ја основаа Џефри Каценберг и Мег Витман. Quibi првенствено ќе биде наменета за мобилни уреди и гледање во движење, па планот е најголем дел од епизодите да траат од 7 до 10 минути. Исто така, на корисниците ќе им бидат достапни и филмови, но се очекува дека тие ќе бидат многу пократки од класичните филмови.
Кога официјално ќе стартува Quibi во април идната година, месечната претплата ќе изнесува 5 долари, при што пред видеата ќе има кратки реклами, додека месечната претплата без реклами ќе изнесува 8 долари. Освен со Quibi, легендарниот филмски режисер има договор и со Apple, за чиј нов стриминг сервис прави нова верзија на серијата „Amazing Stories”.