Како Костарика го дуплираше бројот на прашуми?

- Advertisement -

Еве како Костарика речиси ја дуплираше површината од земјата покриена со прашуми  за период од една генерација. Во 50-тите години на минатиот век земјата се соочи со големи проблеми со сечењето на шумите и дојде до тој степен што од 72% од површината под шуми во 1950 година таа бројка се намали на фрапантни 26% во 1983 година.

Биодиверзитетот во прашумите страдаше поради нивното сечење и им се закануваше со истребување на ендемичните животински видови како што се отровните жаби дрволази. Тогаш владата реши да преземе нешто. Го ограничи издавањето дозволи за сечење, почна да им плаќа на сопствениците на земјиште кои ја зачувуваат природата на својот имот и почна да работи нa привлекување странски инвестиции во еко-туризам и во фармација.

- Advertisement -

Така создаде многу нови работни места кои зависат од здравјето на прашумите, а стапката на обесшумување ја сведе на нула. Почнаа да растат нови дрвја, па сега прашумите покриваат речиси половина од површината на земјата. Ова е доказ дека вистинските политики можат да го спречат нанесувањето штета на животната средина и да ја поправат веќе нанесената штета.

Заштитувањето на дрвјата е најбитно во борбата против климатските промени, но на глобално ниво загубата на тропските шуми се дуплираше во изминатата деценија.

- Advertisement -

This is how Costa Rica almost doubled the size of its rainforests in a generation

The roots of change.📕 Read more: https://wef.ch/2XIeY0d

Posted by World Economic Forum on Четврток, 13 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -