Пазарот на смартфони во Европа, Блискиот Исток и Африка (регион EMEA) бележи пад во првиот квартал на годината, покажува новиот извештај на аналитичарската фирма IDC.
Во периодот јануари-март 2019 година испораката на паметни телефони во регионот изнесува 83,7 милиони единици што е за 3,3% помалку на годишно ниво – во однос на првото тримесечје од 2018 година.
Само во рамките на Европа (Западна, Централна и Источна), пазарот на смартфони се мери со 53,5 милиони парчиња во кварталот. Ова е пад од 2,7%, во споредба со првиот квартал на 2018 година, кога беа испорачани 55,0 милиони уреди.
Најголемиот снабдувач на паметни телефони во Европа останува Samsung. Корејскиот производител има пуштено 15,7 милиони единици во кварталот, што е 29,5% од пазарот.
Кинески Huawei, со снабдување од 13,5 милиони единици и учество од 25,4%, е втор. Топ 3 ги затвора Apple со 7,8 милиони доставени iPhone уреди, што претставува 14,7 отсто од европскиот пазар на паметни телефони.