6.9 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Овие „растителни патики“ се направени од еукалиптус и ананас

Kabtel desktop

Кандскиот производител на обувки Native Shoes направи линија унисекс патики кои се направени целосно од вегански материјали вклучувајќи еукалиптус, лушпи од ананас и млеко од гумено дрво. Со цел на потрошувачите да им понуди висококвалитетни обувки кои зад себе не оставиле отпад, Native Shoes дизајнираше патики направени од растителни состојки кои целосно се биоразградливи, компостабилни и не содржат состојки од животинско потекло.

Според компанијата, само во САД годишно се фрлаат најмалку 300 милиони пара обувки, кои најчесто завршуваат на депонија. Патиките се најмногу одговорни за тој отпад затоа што се направени главно од пластика или хемиски третирани материјали кои тешко се распаѓаат. 

Со употреба на природни патеријали како органски памук, лен, малсиново масло, плута патиките наречени Plant Shoe можат лесно да се разложат за многу пократко време од обичните. Надворешниот дел од ѓонот на патиките е направен од супстанција која ја поризведува тропско гумено дрво. Не содржи филери или петрохемиски катализатори кои вообичаено се наоѓаат во други гумени материјали кои се рекламираат како природни.

Кога патиките повеќе нема да можат да се носат, можете да ги ставите во посебните зелени кутии кои ги добивате со нив, каде што материјалите ќе се разложат многу побрзо отколку со обично компостирање. Тоа е така благодарение на способноста на млекото од гуменото дрво да се разложува побрзо благодарение на присутните микроорганизми.

Средниот дел од ѓонот е направен од 90% плута, додека внатрешниот дел е од пченка и од растението кенаф. Еукалиптусот е искористен за надворешниот дел од патиките, додека органскиот лен е поставен како облога.

Горниот дел од патиките е направен во соработка со компанијата Pinatex, која е позната по својата кожа направена од мешавина од ананас и органски памук. Сите тие материјали се залепени со природен лепак на база на гума.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •