Голем успех за Македонецот Џон Битов Џуниор чиј што тим Торонто Репторс стана шампион на НБА лигата во Канада

- Advertisement -

Еуфорија ја зафати Канада и градот Торонто откако нивните миленици го победија бранителот на титулата и по прв пат во историјата завладеаа со НБА лигата, предводени од фантастичниот Кавај Ленард, славејќи во шест натпревари на НБА финалето против Голден стејт.

А ако се прашувате како НБА лигата, синоним за американски елитен спорт има и канадски тим, причина е визијата на познатиот канадски бизнисмен и спортист со македонски корени Џон Битов Џуниор, син на Џон Битов постариот кој според Форбс тежи повеќе од милијарда долари.

- Advertisement -

Неговиот син кој е роден во 1960 година во Торонто во помладите години бил спортист, потоа влегува во  бизнис водите, визионерски ја користи шансата во 1995 година кога НБА реши да се прошири територијално и во Канада, со создавање на “франшиза” во Торонто, кога тој пројави интерес да ја откупи. Неговата визија денес значи отсонуван сон на верните навивачи на Репторсите дека еден ден ќе можат да се радуваат исто како и вљубениците во американската кошарка од Лос Анџелес, Бостон, Чикаго…  Семејството Битов е познато во Канада по успешноста на своите бизниси во повеќе индустрии, а јавноста ги познава како  најистакнати филантропи.

- Advertisement -

Во едно ТВ интервју дадено деновиве, во неговата канцеларија сместена на 23 кат од еден облакодер во Торонто кој има поглед кон Скотиа Арената, Битов ќе се потсети на историјата позади Торонто Репторси, изјавувајќи дека е горд што е еден од основачите не само на клубот, туку и на иницијативата да се изгради арената во која со години се создаваше кошаркарската НБА историја за Канада.

“Во битката за франшиза од НБА беа две многу моќни компaнии. Мојот бизнис бекграунд никакогаш не беш поврзан со бизнис во спортот, така што имав многу скептици околу себеси. Купувањето на лиценцата за франшизата во тоа време чинеше 125 милиони американски долари. Исто така ми беа потребни уште 40 милиони повеќе за да го купам ова земјиште на кое е денес оваа арена” – ќе изјави Битов.

- Advertisement -

Фил Евершид, е бизнис партнер на Битов во компaнијата Поинт Норт Капитал, кој многу добро се сеќава на процедурата на барање банкарски кредити за да се реализира таа идеја.

“Денес луѓето не се свесни колку беше ризично тогаш да се стави НБА тим во Канада. Прескапа франшиза, кредити со високо камати и работа со комапнии поврзани со купување на земјиште и изграба. А за градење на тим и скапи играчи, да не зборуваме. Сите тогаш Битов го правеа луд, главна преокупација на јавноста им беше дали отворениот паркинг покрај арената ќе создава бучава и загадување. И гледајте сега што е ова, најдобрата и најуредената локација во градот која може да се замисли“- ќе изјави Евершид.

По добивањето на франшизата, се започна ентузијастички формирање на стручен менаџмент, го донесовме Исаја Томас кој навистина постави страшно добар тим на играчи, најавувајќи дека ова ќе биде клуб кој ќе работи на создавање на нова историја за канадскиот спорт.

Битов, кој тогаш имаше 33 години се сеќава на предизвикот како да се вика клубот, Торонто, но со каква додавка која ќе биде добра за поширокиот аудиториум кој главно обожуваше хокеј, кошарката не беше некој популарен спорт во тоа време. Него лично му се вртело името Т-рекс, но неговиот помлад син Брет имаше подобра идеја, тој го сакаше името Репторс. Се останато е веќе историја.

Иако се најмлад клуб во НБА во него настапувале и настапуваат следните кошаркарски ѕвезди: Винс Картер, Трејди Мекгрејди, Андреа Барњани, Крис Бош, Маркус Кемби, Демар Дерозен, Кајл Лаури, Марк Гасол, Кавај Ленард…
Подоцна тој го продава својот удел во овој бизнис, но останува голем финансиски поддржувач и старсен навивач за неговите Торонто Репторс, неговата ложа на основач сеуште стои и во неа тој со неговото бројно семејство скоро и да не пропушта меч на неговите Репторси кои деновиве испишаа нова историја за Канада и за НБА кошарката воопшто.
За Битов е тажно што неговиот татко, кој почина во 2015 година не успеа да се израдува на оваа победа.
Тој е познат и по својот политички активизам, бил претседател на градот Торонто на волонтерска основа во периодот кога конкурураат да станат град домаќин на Олимписките игри во 2008 година.

Добитник е на значајни награди, основач на фондација која помага финансиски 1000 државни училишта ширум Канада.
Едно од нештата што го чекал прилично долго во животот, со години… е можноста да добие македонски пасош.

Сподели!
- Advertisement -