„Консалтинг Интер Груп“ ја промовираше успешната бизнис приказна на меѓународно ниво

- Advertisement -

Консултантската компанија „Консалтинг интер груп“ ја промовираше својата успешна бизнис приказна на третата Меѓународна стручна конференција “Бизнис на штиклама 2019”,која се одржа  на 15 јуни во „Mастер Центарот“ во Нови Сад.

Во присуство на пoвеќе од 400 претприемачки од цела Југоисточна Eвропа, чија цел беше промоција и унапредување на женското претприемништво, едукација и вмрежување на претприемачките од целиот регион, Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на компанијата Консалтинг интер груп, на панел  дискусија, зборуваше за развојниот пат на компанијата, предизвиците во бизнисот и развојот до ниво на етаблирана компанија, синоним за квалитет во македонското стопанство, во својата дејност.

Мукаетова, покрај тоа, зборуваше и за можностите за започнување и водење на бизнис во нашата држава, начините на финансирање, и тоа како „Консалтинг Интер Груп“ успеа да обезбеди 10.000.000 евра, средства за своите клиенти преку сите начини на финансирање . Учеството на конференцијата потврди дека македонските жени успешно чекорат во бизнисот. Ваквото меѓународно промовирање е можност за нови соработки и активности, кои се во насока на вмрежување на жените од регионот и искористување на нивниот потенцијал во економски цели.

- Advertisement -

Искуства и совети споделија повеќе од 20 стручни предавачи, најголем број жени-иноватори и лидери од различни бизниси , поделени во три блока на  предавања и две панел дискусии. Предавањата и дискусиите беа на различни теми, од тоа како да се започне и развие еден бизнис, преку иновација на производи и услуги, конкуретност на пазарот, градење на бренд, маркетинг, продажба, начини на финансирање, искористување на пред-пристапните фондови, Б2Б средби, како и презентација на успешни бизнис приказни на претприемачки од повеќе држави.

- Advertisement -

Настан за паметење,одлична организација, многу позитивна  енергија на едно место, размена на искуства, поврзани со  важноста  на улогата на жената во бизнисот, во семејството, во општеството.

- Advertisement -

 

 

Сподели!
- Advertisement -