Данска компанија направи тротоар кој ја собира и ја реупотребува дождовната вода

- Advertisement -

Како што се менува климата на Земјата, зачестуваат поројните дождови. Тоа предизвикува проблеми со инфраструктурата, како и со пешачкиот и моторниот сообраќај. Освен тоа, дождовната вода создава вистински хаос во одводните системи. Една компанија создаде решение во форма на плочки за тротоар кои го апсорбираат вишокот дождовна вода. Овој процес не само што ја цеди водата од тротоарите и улиците, туку овозможува нејзина реупотреба  без да мора да помине низ системи за третирање на водата.

Climate Tile е производ на данскиот стартап TREDJE NATUR. Копенхаген само што ги постави првите 50 метри ваков тротоар со цел да ја цеди водата од тротоарите и да заштеди пари. Други градови од земјата и од странство исто така се заинтересирани за иновативните плочки.

- Advertisement -

Плочките функционираат така што создаваат една порозна површина, исто како што е површината на Земјата. Малите дупчиња во плочките овозможуваат водата да навлезе во нив и да се слева по посебно направените канали. Таа вода може да остане складирана за понатамошна употреба или веднаш да се спроведе за наводнување на блиските дрвја, цвеќиња и други зелени површини.

- Advertisement -

Првичните тестови се доста задоволителни, а креаторите на плочките чекаат да видат какви ќе бидат нивните перформанси на подолг рок и ја анализираат нивната ефикасност при различни временски услови, различна оптовареност, дали се отпорни на валкање и сл.

Пилот-проектот во Копенхаген е само најава за тоа што можат да направат Climate Tiles. Компанијата сега се фокусира на наоѓање начини за дистрибуција на производот до масовни пазари во светот. Од TREDJE NATUR се надеваат дека ако се постават милиони километри тротоари со Climate Tile ќе се поттикнат и другите нации да ги инкрпорираат иновативните плочки во своето урбано планирање.

- Advertisement -

Иако плочките овозможува огромна заштеда затоа што ја намалуваат потрошувачката на вода и нема трошоци за поправка на уништени тротоари, крајната цел на компанијата е да најде долгорочно одржливо решение за адаптирање на климатските промени, па затоа и плочките имаат животен век од 50 години.

Сподели!
- Advertisement -