Во периодот меѓу септември 2016 година и февруари годинава на Марс беше забележат голем потрес, кој изгледа ја ободил планетата со нови бои и ја претворил во уметничко дело. Леталото Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) го фотографираше неодамна оформениот кратер на површината на Марс и таа фотографија беше споделена на Интернет.
Марс веројатно постојано се судира со атсероиди и друг вселенски отпад поради тенката атмосфера и блискоста до појасот со астероиди, но овој судир е особено импресивен. Од фотографиите пред и потоа може да се види колкава штета направил астероидот на површината на нашиот сосед.
Судирот отворил кратер со длабочина од 16 метри и открил други слоеви под црвената прашина на површината. Најпрвин под прашината се гледа црн слој, а потоа и слој со преубава сина боја. Ова е одлична прилика за научниците кои со години се обидуваат да дојдат поблиску до површината на Марс. Но, исто така е одлична прилика и помош за милијардерите како Илон Маск и за вселенските агенции кои планираат градежни зафати на Црвената планета.