Научници открија две нови планети слични на Земјата

- Advertisement -

Научници соопштија дека откриле две нови планети слични на Земјата. Новооткриените планети се толку слични на Земјата што веќе си го најдоа своето место меѓу топ 20 кандидати за колонизација. И двете планети кружат околу соседна ѕвезда наречена Тигарден, а се наоѓаат во соѕвездието Ариес на оддалеченост од 12,5 светлосни години. Тигарден е ѕвезда џуџе, која е 10 пати посветла од нашето Сонце, стара е осум милијарди години, а е откриена уште во 2003 година.

Двете планети се слични на планетите во нашиот соларен систем. Тие се само малку потешки од Земјата и се наоѓаат во т.н. населлива зона, каде што водата може да биде присутна во течна форма. Постојат 60% шанси дека Тигарден може да ги загрева планетите за да создаде услови поволни за живот, а тоа се температури од 0 до 50 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Со оглед на масата и минималната изложеност на радијација, Тигарден Б ја доби највисоката оценка според ESI, односно Индексот за сличност со Земјата. Едно кружење околу оваа ѕвезда трае 4,9 дена на Земјата. Тигарден Ц, пак, е со температура слична на Марс и веројатно изнесува -47 степени Целзиусови на површината. Егзопланетите се вртат околу ѕвездата за период еднаков на 11,4 дена на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -