15.8 C
Skopje
сабота, април 11, 2026


Губите мотивација? Овие четири работи ќе ве наполнат со енергија за работа

- Advertisement -
Истражувањата на психолозите покажаа дека силата на волјата е ограничена и недостатокот на мотивација во кариерата и работата е многу честа појава. Ви презентираме четири начини како одново да се покренетеНаградете сеНишто не може да помине без малку прослава и наградување. Според Чарлс Гухиг, добитник на Пулицерова награда, силните навики се формираат во три фази: знаци, рутина и награда. Тоа значи дека нашиот мозок може едноставно да повторува некое однесување ако во процесот е вклучена значајна награда. Наградата може да биде било што, од истегнување на телото на секој час до излегувањње со пријателите после напорен работен ден.

 

Разговарајте со вашите задоволни клиенти

- Advertisement -

И покрај секојдневните проблеми со кои се соочуваме, наједноставен начин да ја вратите страста за работа е разговор со задоволните клиенти. Голема е веројатноста задоволните купувачи да зборуваат позитивно за вашите производи и услуги, што може позитивно да влијае на вашиот став кон работата.

 

- Advertisement -

Научете нови вештини

Учењето нови вештини, како Photoshop или програмирање, може директно да се одрази на вашето работење или кариера. Може да се посветите и на учење странски јазик што ќе ви помогне во личниот развој.

- Advertisement -

 

Квалитетот на сонот нека ви биде приоритет

Многумина се уверени дека бројот на часови поминати во спиење се важни за тоа како ќе се чувствувате. Но колкупати после 9 – 10 часа спиење сте се пробудиле неодморени? Тоа ни потврдува дека квалитетот на сонот е многу поважен од квантитетот.

 

- Advertisement -