Од 1 јули ќе следува поголемо намалување на цените за роаминг услугуте на земјите од Западен Балкан. Граѓаните од регионот од наредниот месец ќе можат да зборуваат меѓусебно по намалени цени кои беа предмет на преговори меѓу регулаторните тела за комуникации по што беа потпишани и меморандуми.
Од 1 јули корисниците на роаминг во Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе можат да зборуваат со 30 отсто помали цени.
Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.
Директорот на АЕК, Сашо Димитровски пред еден месец истакна дека целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа како потрошен домашен сообраќај, како што е во моментов во Европа.
Директорот Димитровски тогаш сподели и дека се очекува намалување на роаминг услугите и со соседна Грција до крајот на годинава.