Играта „Доктор Марио“ во јули пристигнува на мобилните уреди

- Advertisement -

Тешто дека има некој што не ја знае играта Super Mario и барем еднаш не ја играл. Генерациите од околу 30 години сигурно по цел ден ја играле на „нинтендо“, а помладите играле некоја од компјутерските верзии. Сега компанијата Nintendo го објави официјалниот датум кога новата верзија на оваа легендарна игра ќе пристигне на мобилните уреди.

Dr. Mario World ќе биде достапна за уредите со оперативни системи iOS и Android од 10 јули, а предрегистрацијата може да се направи преку App Store или Google Play. Играта беше најавена уште во јануари годинава, а сега е објавен и официјален трејлер кој ви дава увид во играта. Од видеото во прилог сигурно ќе забележите дека мобилната верзија е поинаква во однос на оригиналната Dr. Mario.

Сподели!
- Advertisement -