Бактериите од морето ја колонизираат нашата кожа после само 10 минути пливање

- Advertisement -

Ако ајкулите и изгорениците од сонцето не ве плашат додека сте на плажа, можеби ова ќе се исплаши. Според прелиминарните истражувања објавени неодамна, потребни се само 10 минути пливање за бактериите од морето да се залепат на нашата кожа и да ја колонизираат. Иако тоа не е толку страшно, некои од бактериите може да предизвикаат болести или да го зголемат ризикот од појава на инфекција така што ќе ја пореметат микробиолошката средина на кожата т.н. микробиом.

Истражувачи од Универзитетот Калифорнија отишле на плажа и повикале некои од луѓето кои биле таму. Тоа биле луѓе кои ретко пливале и немале намачкано крема за сончање. Исто така, се немале истуширано во последните 12 часа и не користеле антибиотици во последните шест месеци.

- Advertisement -

Пред да запливаат, на деветте доброволци им бил земен примерок од површината на кожата. По десет минути пливање и кога целосно се исушиле, повторно им бил земен примерок од кожата. Пред пливањето микробиомот на кожата бил лесно препознатлив за секој доброволец, но по пливањето тие биле премногу слични едни на други.

Во текот на пливањето нормалните бактерии кои ги има на кожата биле измиени и биле заменети со бактерии од водата. Промените на микробиомот биле привремени и максимално траеле 24 часа, но имало загрижувачки резултати. На секој од доброволците била пронајдена бактеријата вибрио. Најголем дел од видовите на оваа бактерија се безопасни, но некои се одговорни за болести како колера или инфекции на кожата кои го нагризуваат месото, особено кај луѓе со послаб имунолошки систем.

- Advertisement -

Затоа задолжително туширајте се после пливање и не ги ставајте рацете во уста откако ќе излезете од вода.

Сподели!
- Advertisement -