Љубљана за неколку години ќе биде град без отпад!

- Advertisement -

Љубљана е првиотѕ европски главен град кој се обврза да стане град без отпад (zero-waste), пишува Guardian. Се започна во 2002 година со селектирање на хартијата, стаклото и пластичната амбалажа во посебни контејнери. Четири години подоцна почна собирањето биоразградлив отпад од врата до врата.

Собирањетѕо на биоотпадот одделно од другиот ќе стане законска обврска во цела Европа до 2023 година, но Љубљана е речиси две децении пред сите други. Во 2013 година секој праг во градот доби корпи за селектирање хартија и амбалажа. Собирањето на отпадот од корпите е многу поретко отколку порано, па луѓето се принудени поефикасно да го раздвојуваат отпадот.

- Advertisement -

Резултатите се импресивни. Во 2008 година градот рециклираше 29,3% оф отпадот и заостануваше зад другиевропски градови. Денес тој процент е 68%, а на депонитее се носи речиси 80% помалку отпад, што ја става Љубљана на самиот врв кога станува збор за рециклирањето во европските градови. Љубљана сега произведува само 115 кг отпад по жител годишно, а европски град со најмалку отпад е малиот град Тревизо во Италија со 59 кг отпад по жител годишно.

Развојот на најмодерната фабрика во Европа за третирање на биолошки отпад беше голем чекор напред кон постигнувањето на целта со 2025 година да се рециклира најмалку 75% од отпадот во Љубљана. Регионалниот центар за управување со отпад беше отворен во 2015 година и денес опслужува речиси една четвртина од Словенија, користи природен гас за производство на топлина и струја, преработува 95% од материјалите кои може да се рециклираат во цврсто гориво и испраќа помалку од 5% отпад на депонија. Дури го претвора биоотпадот во цврсто гориво  за градини.

- Advertisement -

Но,не станува збор за само преработка. Превенцијата, повторната употреба и рециклирањето се приоритет. Покрај собирањето од врата до врата, Љубљама има два центри за рециклирање отпад од домаќинставата.

Сподели!
- Advertisement -