Читај каде и да одиш – Летен фестивал на книгата во ТРИ

- Advertisement -

Издавачкиот центар ТРИ започнува уште едно издание на Летниот фестивал на книгата што секое лето го одржува во своите книжарници. „Читај… каде и да одиш“ е мотото на годинешното издание за кое ТРИ најавува многу нови изданија, најголеми попусти досега, промоции, наградни игри и акции што пријатно ќе ги изненадат сите љубители на добрата книга.

Фестивалот на книгата на ТРИ секоја година ја нуди најатрактивната книжевна понуда со специјални цени достапни за секого и го промовира читањето како една од активностите што ќе го направат летото совршено. Еве што сè можете да очекувате од годинешниот Фестивал:

- Advertisement -

Богата понуда и многу новитети

Фестивалот подразбира промоција на нови атрактивни наслови идеални за летната сезона – трилери, мистерии и љубовни романи. Дополнително, љубителите на книгата ќе можат да уживаат во разновидната понуда од над 1 000 изданија на ТРИ и Паблишер, книги од сите жанрови – и за оние што летото го користат за уживање и за оние за кои тоа е време за лична надградба и работа на себе.

- Advertisement -

Големи попусти и награди

До крајот на летото читателите ќе можат да ги набават посакуваните книги со специјални фестивалски попусти од 20 до 70 %. Покрај тоа, ТРИ издвои посебна понуда од 80 одлични наслови кои ќе бидат достапни во специјални акции – 3 книги за 499 денари, 5 книги за 499 денари, пакети и дополнителни попусти. Преку своите фејсбук и инстаграм профили, ТРИ преку целото лето ќе ги наградува активните и посветени читатели со бесплатни примероци!

- Advertisement -

Настани

Фестивалот на ТРИ е познат и по промоциите и средбите со автори што постојано се организираат во книжарниците. Фестивалот започнува со гостувањето на данската авторка Јане Телер, која ќе допатува во Скопје да го промовира својот роман „Ништо“, во издание на Паблишер.

Книжарниците на ТРИ во Дебар Маало и во ГТЦ ќе бидат совршено прибежиште за сите вљубеници во книгите во овие жешки летни денови. Сигурни сме дека фестивалската понуда нема да остави никого рамнодушен и дека ќе бидете дел од Фестивалот на ТРИ  – и ќе имате совршено лето каде и да сте!

 

Сподели!
- Advertisement -