Иновацијата зад екранот на Samsung Galaxy S10

- Advertisement -

SСо креирањето на серијата на уреди Галакси С10, компанијата Самсунг покажа дека е иноватор на иднината за екраните на премиум “паметни“ телефони. Најновите водечки смартфони на Самсунг, преку внимателно одбрана технологија, го носат екранот на ново, повисоко ниво, нудејќи им на корисниците премиум искуство преку брилијантна и реалистична слика. Сево ова, надополнето со дизајн кој лесно се вклопува во дланката и Ултрасоничен скенер за отпечатоци, истовремено, буди чувство на леснотија и воодушевеност кај корисникот.

Галакси С10 го има најдобриот екран во Галакси семејството досега. Овој уред и неговите карактеристики ги поместуваат границите на очекувањата на корисниците.

- Advertisement -

Мултифункционалниот смартфон има Динамичен АМОЛЕД “Infinity-O“ екран. Благодарение на него се зголемува површината за користење на екранот и корисникот може да управува со уредот многу лесно и комфорно. Тимот на Самсунг ги намали рамките со цел да создаде простор за она што е важно за корисникот во моментот како на пример за гледање филмови, читање книги и играње игри. Всушност, споредбено со Галакси С9, ултра-тенката рамка е намалена за повеќе од три пати.

- Advertisement -

Како резултат на неверојатниот инженерски процес, уникатниот “Infinity-O“ екран на Галакси С10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот. Тимот на Самсунг користеше технологија со ласерско сечење за да направи мал отвор на екранот, истовремено намалувајќи го ризикот од оштетување на околните пиксели. На овој начин корисниците може да уживаат во целост во технологијата на камерата и сензорите, максимално користејќи го екранот.

 

- Advertisement -

Усовршувајќи го овој аспект на дизајнот, беше креиран револуционерен екран кој го покрива целиот преден дел на телефонот и создава неверојатно чувство при гледање на филм, играње на игри. Верифициран од страна на “ДисплејМејт“ (DisplayMate), корисниците ќе може да уживаат во исклучителни бои на нивниот премиум смартфон и при услови на висока сончева светлина. Дополнително, Динамичкиот АМОЛЕД екран исто така ја намалува сината светлина преку неговиот “TÜV Rheinland“ сертифициран екран за удобност на очите, без притоа да влијае на квалитетот на сликата или да додава филтер.

Без разлика на кој начин ќе го користите вашиот Галакси С10 уред и какви содржини ќе гледате, визуелното искуство е загарантирано.

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -