Овие патики направени од мерино волна ќе го отстранат секој мирис од нозете дури и кога ги носите боси

- Advertisement -

Удобноста на мерино волната е позната одамна. Мерино волната ја впива влагата и ја регулира температурата на телото, мека е и лесна, не чеша, ја задржува формата и ги неутрализира сите мириси. Поради овие особини таа е совршен материјал за изработка на костими, како и чорапи и џемпери, но австриската компанија Giesswein покажа дека од неа може да се прават и обувки.

Веќе некое време компанијата има патики и влечки со внатрешна облога од мерино волн, но сега претстави нешто сосема поинакво – чевлите Wool Cross X направени за секаков терен: планинарење, трчање, качлување по карпи, па дури и одење по снег.

- Advertisement -

Компанијата тврди дека овие се најудобните чевли кои може да се носат без чорапи. Тие можат да впијат дури 125 мл пот и ниту внатрешната облога ниту антибактерискиот ѓон направени од мерино волна нема да почнат да мирисаат непријатно.

Можете да ги купите во различни бои и големини, а можете да ги нарачате преку кампањата на Kickstarter и да очекувате да ви бидат доставени во ноември.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -