Corona откри нов начин како да се бори против пластичниот отпад во форма на обвивки за пакување на лименки, така што ќе ги навртува една на друга како шрафови, формирајќи столб од шест лименки пиво. Решението, именувано како “Fit Pack“, е идеја на агенцијата Leo Burnett од Мексико, а беше дел и од потесниот избор во категоријата “Иновации” на овогодинешниот Cannes Lions.
Креативниот процес во осмислувањето на новите лименки започна со едноставна инструкција – да се создаде начин на групно пакување на лименки без пластична обвивка. Во последните години, многу пивски компании ширум светот се обидоа да најдат алтернатива за пластичните обвивки, но сите решенија вклучуваа употреба на нови материјали кои го зголемуваат трошокот на производство. Иновацијата на Corona е инкорпорирана во самиот дизајн на лименката и не вклучува употреба на дополнителни материјали.
Новите лименки се сé уште во фаза на тестирање, но брендот се надева дека дизајнот евентуално ќе започне тренд во рамки на пивската индустрија.„Сакаме решение кое ќе биде слободно достапно за сите, така што целата индустрија ќе има увид во дизајнот,“ истакнува бренд директорката на Corona, Клариса Пантоја.
(Извор- Маретинг365)